Поранешниот висок функционер на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен пратеник а поранешен министер за надворешни работи на Македонија, Антонијо Милошоски, на социјалните мрежи најави дека поднесува оставка.
„Јас, Антонио Милошоски, поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што
1. во Мај 2008ма година го потпишав Договорот за стратешка соработка Македонија – САД, и со тоа сум создал услови за зголемено руско влијание во земјава, кое во овие клучни моменти за нашата партија и држава се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат, и
2. затоа што носам лична одговорност што како држава во 2009/10 година добивме безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, а тоа очигледно било само чин на лажен патриотизам кој дополнително не’ втурна во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.
3. И сатирата е порака!“
Антонијо Милошоски има само пратенички мандат, но нема никаква партиска функција. Минатиот пат Милошоски објави дека имал закани од неговата баба, по што една водечка телевизија се упати да ја бара неговата баба, која впрочем е веќе почината.
Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ му пиша на Хан: Tрпам закани, ве молам заштитете ме (ФОТО)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст