Сексуалните злоупотреби се толку распространета практика во Северна Кореја, што се „прифатени како дел од нормалниот живот“, тврди „Хјуман рајтс воч” во извештајот за сексуалното насилствово таа азиска држава, што беше објавен синоќа.
Севернокорејски функционери, вклучително и високопоставени партиски членови, затворски службеници, полицајци, обвинители и војници вршат сексуална злоупотреба „без многу загриженост за последиците”, вели организацијата за човекови права.
Стравувајќи од одмазда или јавно дискредитирање, жените ретко пријавуваат злоупотреби и властите ретко ги испитуваат или гонат такви случаи, вели „Хјуман рајтс воч“.
Невладината организација со седиште во Њујорк интервјуираше 54 Севернокорејци, кои ја напуштиле земјата од 2011 година и осум поранешни севернокорејски официјални претставници.
Уапсените жени не можат да сторат ништо за да го избегнат сексуалното насилство, бидејќи секоја жалба може да доведе до понатамошно казнување, вклучувајќи физичка казна или принудната работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст