| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје утре ќе го објави вториот повик за субвенционирање за купување печки на пелети

Грејната сезона започна пред околу две недели, а Град Скопје утре ќе го објави вториот повик за субвенционирање за купување печки на пелети.

Веќе неколу години по ред Град Скопје субвенционира за купување на печки на пелети, па сето тоа придонесе скопјани да почнат повеќе да се греат на овој вид енергенс.

Освен Град Скопје, вакви субвенции даваат и општините Гази Баба и Аеродром.

Три многу важни работи, се главната причина заради која многу луѓе се одлучуваат да го заменат постоечкиот котел (на нафта, гас, дрва итн) со котел на пелети:

Трошоците за греење, во суштина се преполовени.
Котлите на пелети се многу полесни за одржување и заштедуваат драгоцено време заради лесното полнење со пелети.
Инвестицијата со поставување на котел на пелети се враќа за веќе 34 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top