| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за престрелката во Диво Насеље

Две лица се тешко повредени во престрелка која вечерва се случи во Диво Насеље во Куманово, пренесува Кумановски муабети.

Според првите неофицијални информации едно од повредените лица се здобило со прострелна рана од огнено оружје и е во животна опасност, а друго е повредено со остар предмет.

Вооружената престрелка како дознава Кумановски Муабети од извори на терен, се случила во 18:40 минути во близина на Основното училише „Вук Караџиќ“.

На престрелката и претходело и физички напад  помеѓу две семејства. Полицијата е на местото каде се случила престрелката и вршат увид, а улицата е затворена.

 

Пукање во Куманово, едно лице е рането, неколкумина се повредени (видео)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top