| четврток, 6 декември 2018 |

Стипе Месиќ: Колинда ќе ја паметиме по бакнувањето со фудбалерите

Поранешниот хрватски претседател, Стипе Месиќ во интервју за Дневник.хр вели дека и покрај многуте обврски, на престанал да ги следи дневните случувања во Хрватска. Меѓудругото, Месиќ на Владата ѝ додели оценка доволен и тоа само поради трудот.

– Не е направено доволно за да се активира производството, за време на Југославија бевме индустриски развиена земја, а сега сè е уништено, погрешна е ориентацијата кон тровијата и туризмот, ниту оваа, ниту претходната не направија ништо, вели Месиќ во интервјуто.

На прашањето како ја оценува работата на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ и дали ќе паметиме нешто од нејзиниот мандат, Месиќ нагласи дека има доста за паметење.

– Многу ќе се памети нејзиното навивање за хрватската репрезентација бидејќи било невообичаено. Сите во светот ми зборуваат дека ја забележале нашата претседателка со сите оние прегратки и бакнежи. Тоа е многу интересно, но тоа не е работа на претседател на држава, порача Месиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top