| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов со ГПС ги контролира инспекторите дали седат на кафе во Дебар Маало

Комуналните редари и инспектори на Град Скопје се опремени со ГПС за да може да се следат што работат и каде се во секој момент, информираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одговорајќи на советнички прашања за мерките што се преземаат против загадувањето на воздухот во градот. Оваа мерка, според градоначалникот, наишла на отпор кај инспекторите кои досега биле навикнати на поинаков начин на работа.

– Сите редари и инспектори се опремени со ГПС, бидејќи досега овие вработени поради теренската работа, ќе дојдеа, ќе се регистрираат и после никој не знае кај се, дали седат на кафе низ Дебар Маало или си бркаат приватни работи, истакна Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top