| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесетгодишник со „голф“ се судри во „киа“, тројца повредени

Три лица се повредени вчера околу 12:00 часот кога на локалниот пат село Џепчиште – село Требош, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа карневал“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.М.(45) од село Џепчиште и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Порој.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Фолксваген Голф“ и сопатничката Ф.Р.(74) од село Порој, како и возачот на возилото „Киа“, М.М.. Тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово, а Ф.Р. била префрлена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top