| четврток, 6 декември 2018 |

Вујо повторно напаѓа: СЕХА, ова не е хумано!

Тренерот на Железничар, Веселин Вујовиќ повторно без влакна на јазик. Сега ги искритикува водечките луѓе во СЕХА-лигата бидејќи после репрезентативните обврски немаше простор за да се одржи повеќе од еден тренинг.

Покрај ова Вујовиќ беше и со селекцијата на Словенија, па тој практично од дуелот против Металург не беше со тимот. Оттаму не ни можеше да ја подготви екипата пред дуелот со ППД Загреб.

„Луѓето кои ја водат СЕХА-лигата мораа да размислат дека и господин Червар и Веселин Вујовиќ водеа репрезентации во квалификациите за Европското првенство, како и дека неколку ракометари на Железничар и Загреб имаа обврски во своите репрезентации. Овој термин за натпревар не е хуман. Имаме проблеми. Сретеновиќ е преморен, Милосављевиќ и Поткоњак беа на подготовки со јуниорската репрезентација… Ако сакаат СЕХА-лигата да има квалитет мора да водат сметка и за вакви работи“, коментираше Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top