| четврток, 6 декември 2018 |

Омер од „Вљубениот ерген“ стана угостител

Турскиот актер Бариш Ардуч реши да се проба во нова работа. Имено, познатиот актер и модел, стана сопственик на ресторан во Истанбул, пишуваат турските медиуми. За што поуспешно да го води својот ресторан, актерот наводно добива совети од своите пријатели и колеги кои исто така се сопственици на ресторан.

Актерот со овој потег се придружи на многу познати турски личности кои се испробаа во овој сектор, како што се Туба Бујукустун, Бурак Озчивит, Еркан Петекаја и многу други.

Инаку, последниот филмски проект на кој работеше Бариш, беше филмот „Време за среќа“ со кој глумеше заедно со колешката од „Вљубениот ерген“, Елчин Сангу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top