| четврток, 6 декември 2018 |

Западно нилската треска во Србија однесе 36 животи

Во Србија до сега од последици на западно нилската треска починале 36 лица , а се регистрирани 410 заболени , соопшти денеска државниот Институт за јавно здравје.

Во текот на годинава , најголем број заболени се регистрирани во белград 212, потоа во округот на Јужна бачка 56, во Јужен Банат 53, во подунавскиот регион 18 …

Грозницата на Западен Нил се пренесува сдо убод на заразен комарец , а прв пат е регистрирана во Србија во 2012 година.

Од првото појавување на болеста досега се регистрирани 574 заболени , а најмалку 61 лице починало. Во земјите на ЕУ оваа болест е забележана во Грција, Италија , Унгарија , Романија и во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top