| четврток, 6 декември 2018 |

Пеле со саркастична порака му го честиташе роденденот на Марадона (фото)

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона денеска има роденден. Тој својот 58 роденден го дочека како тренер на мексиканскиот клуб Дорадос и во текот на денешниот ден добил безброј пораки од голем број фудбалски ѕвезди од сегашноста и минатото. Сепак вниманието го зеде саркастичната порака која му ја испрати еден од „бесмртните“ во фудбалот, неповторливиот Пеле.

– Среќен роденден Диего. Знам дека ќе имаш мирна ноќ читајќи книга, но исто така очекувам дека ќе имаш и мала прослава, – во шеговит тон му порача Пеле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top