Судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година продолжува утре, откако денешното рочиште судијката Добрила Кацарска го одложи поради влошена здравстевна состојба на еден од обвинетите.
По паузата за ручек, адвокатот на Сашко Марковски и укажа на судијката Кацарска, дека му е влошена состојбата, по што беше повикана екипа на Брза помош.
– Откако медицинските лица го прегледаа обвинетиот, го известија судот дека нивна препорака е да биде однесен во Воена болница и да биде направена рентген снимка – рече Кацарска, и поради тоа расправата се одложува за 31 октомври во 10 часот.
Кацарска, посочи дека со оглед оти денешното и минатото рочиште траеле многу кратко, следните рочишта ќе траат подолго со цел да се постигне тоа што било предвидено да се заврши на овие рочишта.
На денешното рочиште беше довршена снимката од собраниската камера 10, што беше почната на минатото рочиште, а пред паузата се почна со прегледување на снимка од собраниската безбедносна камера 14.
За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст