| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Охрид не сака да даде пари за лекувањето на Сара

Советниците нa СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денеска не изгласаа да се испалти помош за Сара Настоска која треба да се лекува во странство. Оваа точка од дневениот ред на седницата не била прифатлива за советниците, пренесува Охрид 1

Повеќемината од советниците не се согласија да се постави точка за доделување од 1 милион денари за помош за лекување на 15-годишното девојче од Охрид.

Градоначалникот Јован Стојаноски истакна дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.

Од друга страна рестораните и кафетериите претрпеа енормни штети во невремето минатата пролет, и согласно Закон имаат право да бараат надомест на штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top