| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Шерифовиќ: „Јас се бањам пет пати дневно, не можам да поднесам да ме бакнуваат!”

Српската пејачка Марија Шерифовиќ застана во одбрана на својата колешка Ана Бекута, која одби да ѝ биде бакната раката од една постара госпоѓа, нејзина обожавателка.

Ваквиот потег наиде на јавна осуда од страна на голем број обожаватели и колеги, но не и од Шерифовиќ. Поранешната претставничка на „Евровизија“ се стави во одбрана на Бекута.

„Да ви кажам искрено, ние сме јавни личности, не сме јавни тоалети. Не сакам некој да ме бакнува и да ме гушка. Со должна почит, јас сум тука да се сликам со вас, да ви обрнам внимание, да ве погледнам во очи, да се насмееме, но нема потреба да се бакнуваме“, изјавила Шерифовиќ и додала:

„Јас се бањам 5 пати дневно. Не можам да поднесам некој да ме бакнува. Кога ќе излезам во град па некој да ми ја земе раката за да се поздрави, па уште ако е испотена, јас би се убила“, вели Шерифовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top