| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе купува дефанзивац и напаѓач – Мурињо зимово ќе има 100 милиони фунти за трошење

Раководството на Манчестер Јунајтед му одобрило повеќе од 100 милиони фунти на тренерот Жозе Мурињо за нови играчи во зимскиот трансфер период.

Како што пишува „Гардијан“, португалскиот стручњак сака да ангажира централен дефанзивец и напаѓач. Изминатово лето, Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за одбранбените фудбалери Рафаел Варан и Жером Боатенг.

Оваа сезона во неколку наврати се шпекулираше за предвремено заминување на Португалецот од „Олд Трафорд“ поради неисполнувањето на неговите барања за засилувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top