| четврток, 6 декември 2018 |

Снег предизвика хаос на патиштата во Франција (Видео)

Силен снег падна денеска во францускиот регион Оверњ-Рона-Алпи и соседните региони, јужно и западно од Лион, предизвикувајќи хаос на патиштата, но исто така и прекин на електричната енергија во речиси 200 000 домаќинства.

Во некои села и градови наврнале и до 40 сантиметри снег, а телевизиските снимки покажуваат стотици возила кои стојат по патиштата поради неочекуваните наноси.

Околу 900 камиони биле блокирани во текот на ноќта, а неколку стотици возачи ги напуштиле своите возила во потрага по безбедно сместување.

Механизацијата за чистење снег веќе е на патиштата, а надлежните компании се обидуваат да воспостават нормално снабдување со електрична енергија, објави „Ројтерс“.

Метеоролозите ги отфрлаат критиките дека навреме не предупредиле за силните снежни врнежи, со образложение оти информирале за можни лоши временски услови поради бурите низ цела Италија и Корзика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top