| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличанец измамен од лажни Срби: Му земале 8 000 евра „само за да ги покажат“ на лекар

Вчера околу пладне во Полициската станица Гевгелија, Н.В. (72) пријавил дека истиот ден во Гевгелија две непознати лица го измамиле и му одзеле 8.000 евра. Двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле, имале проблем со реализација на чек во банка, а им требале како гаранција за да може едниот од нив да оди на операција во Струмица.

Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе. Откако им ги дал парите, заминале и не се вратиле.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top