| четврток, 6 декември 2018 |

Прашина и песок од Сахара во Македонија: Метеоролозите најавуваат промена

Територијата на нашата држава се наоѓа под периферно влијание на силен антициклон од истокот и циклонски систем од западот на Eвропа кој ја опфаќа ии Италија како и северозападен Балкан кој условува интензивни врнежи и локaлни поплавувања долж Јадранот, но и во Италија, информира метеорологот Славчо Попоски.

Токму ова во следните денови ќе услови многу топло време, невообичаено за овој дел од годината како и транспорт на прашина и на песок од Сахара, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во текот на утрешниот ден.

Ќе има и услови за локални слаби врнежи од дожд и тоа особено денес. Исто така денес ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец кој во следните денови ќе го намали својот интензитет.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Температурите кои се очекуваат во следниот период и понатаму ќе бидат повисоки од нормалните за десеттина степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top