| четврток, 6 декември 2018 |

Судир меѓу автобус и автомобил кај Кузман, двајца повредени

Вчера околу 18,50 часот на крстосницата од улицата „Кузман Шапкарев“ со улицата „Борис Сарафов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „јутонг“ со скопски регистерски таблици управуван од Г.Н.(47) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Р.(42) од с.Колари-кичевско.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.Ј.(40) од с.Зајас-кичевско, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top