| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент по сообраќајка во Тетово: Си го земал скршениот жмигавец, па намерно го прегазил сопственикот на другата кола

Вчера попладне во СВР-Тетово, Ш.Б. (44) од с. Селце- Тетово, пријавил дека околу 12 часот на крстосница на ул. „М.Тито“ со ул. „Илинденска“ во Тетово, дошло до собраќајна незгода во која пријавителот кој управувал патничко моторно возило „Мазда 6“ со италијанска национална ознака, бил удрен од патничко моторно возило „Ауди А4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.К. (55) од Тетово.

По незгодата, според пријавеното, М.К., излегол од возилото, го земал трепкачот кој му бил оштетен, влегол во своето возило и тргнал во правец на Ш.Б., при што го удрил во пределот на десната нога и го напуштил местото на настанот.

Пријавителот се упатил во Клиничка болница Тетово, каде му е констатирана телесна повреда.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. М.К. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top