| четврток, 6 декември 2018 |

Гонзалез разочаран: Сите мислевме само со колку разлика ќе победиме, а игравме катастрофално

Селекторот на македонската машкка ракометна репрезентација Раул Гонзалез, по поразот од Грција со 28-26, нашиот селектор изјави:

„Катастрофа беше нашата игра и во одбрана и во напад. Едноставно бевме многу лоши во сите сегменти и против Турција и против Грција. Сите ние, ракометарите, навивачите, новинарите мислевме само со колку разлика ќе ги победиме ривалите, но денеска сите играат ракомет. Миркуловски ни недостигаше, знаеме колку е важен и каков е неговиот стил на игра, но неговото отсуство не е алиби. Имаме два месеци да се поправиме, но во овие два месеци до Светското првенство следи клупската сцена, немаме собир и нема да биде лесно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top