| четврток, 6 декември 2018 |

Стадионите низ Англија со минута молк – Кристал Палас ја испочитува тагата на Лестер на свој начин

Кристал Палас денеска на домашен терен го угости Арсенал, кој имаше серија од 7 натпревари на кои забележа исто толку победи, но денеска таа серија запре. Палас одигра одличен натпревар и не му дозволија на Арсенал да замине со полн плен, на крајот бодовите беа поделени (2:2).

На оваа средба, домаќините не заборавија да го отпоздрават клубот Лестер, кој синоќа се соочуваше со најголемата драма, откако падна хеликоптерот на тренерот на Лестер.

Ваква почит денеска имаше и на сите стадиони низ Англија, со минута молчење во знак на почит и солидаризирање со тешките моменти на „лисиците“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top