| четврток, 6 декември 2018 |

Најсрамното прашање е одговорено: Каков вкус има интимната зона на мажите и жените?

Иако во денешно време постојано се зборува за рамноправноста на мажите и жените, истражувањата покажале дека кај оралниот секс таа не постои. Според резултатите, на мажите им е понепријатно орално да ги задоволуваат жените.

Додека мажите отворено кажуваат дека не сакаат орално да ги задоволуваат своите партнерки, жените изјавиле дека се подготвени на тоа, дури и имаат свои стратегии за што подобро да го задоволат партнерот. Оттука произлегува и прашањето: каков е мирисот и вкусот таму долу?

ОД ШТО БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ОТКАЖАТ ЖЕНИТЕ?
Цигари
Никотинот од цигарите завршува директно во крвта и лошо влијае на мирисот на вагината. И спермата кај пушачите исто така има непријатен мирис.

Алкохол и зачини
Алкохолот има негативно влијание на мирисот и вкусот на вагината, исто како и аспарагусот, зачините, лукот и кромидот. Овие намирници го влошуваат мирисот на телото. Со оглед на тоа што интимното подрачје се поти исто како и секој друг дел од телото, тоа може да влијае лошо на мирисот на вагината.

ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ?

Производите како што се ананас, киви и боровинки го подобруваат вкусот и мирисот на вагината. Освен тоа, редовно треба да пиете јогурт, бидејќи содржи бактерии што го одржуваат здравјето на вагината.

Каков е вкусот на спермата?
На некои жени не им пречи кога семената течност ќе стигне до нивната уста. За многумина тоа е знак на голема доверба и длабока поврзаност. Меѓутоа, вкусот не е секогаш ист.

Аспиринот, пивото, цигарите и лукот го уништуваат вкусот
Научниците го истражувале и вкусот на спермата. На пример, по консумацијата на лук, семената течност е кисела и има лош вкус. Горчлива е ако мажот испил неколку аспирина за главоболка. Но ако испил сок од ананас, семената течност е слатка и со пријатен вкус. Ако вашиот партнер е пушач, тогаш постои мала веројатност дека неговата интимна зона има добар вкус.

Влијанието на одредени намирници врз вкусот на спермата
Семената течност има метален вкус, бидејќи содржи цинк. Поради тоа, производите што содржат цинк не се добри за подобрување на вкусот. Експертите тврдат дека аспарагусот, кромидот, силните зачини и сировото месо, како и пилешкото, имаат негативно влијание на вкусот на спермата. Не се препорачува ни броколи, кељ и кафе.

Позитивно влијание има овошјето: јагоди, ананас и нектарини. Грејпфрутот, портокалите и лиметата исто така влијаат позитивно на вкусот на семената течност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top