Македонија се согласи во иднина по стапувањето во сила на Преспанскиот договор да се откаже од секаква употреба на терминот Македонија без користење на целото ново име Република Северна Македонија но ова правило не важи за Грција, пишува „Експрес“
Грчките медиуми кои што се поддржани од грчката држава воопшто немаат никаква обврска при пишувањето за настани во грчките региони кои го имаат терминот Македонија во своето име да прецизираат за која Македонија се работи.
Така, од неодамна Солун или Тхесалоники како што по ново го нарекува премиерот Заев градот на брегот на Егејското море, стана главен град на Македонија.
Во овој медиумски извештај објавен на англиски јазик за воената прослава во Солун на кој присуствуваше и италијанскиот претседател Серџо Матарела, без никаква ограда или објаснување дека се работи за грчка провиннција се пишува дека Солун е главен град на Македонија.
Медиумот кој што го објавува извештајот за Солун како главен град на Македонија е официјално формиран од грчката дијаспора.
Неофицијално за Greek reporter кој на Скопје му го одзема епитетот главен град на Македонија, се шпекулира дека е дел од проектите кои што се финансираат со тајните пари на грчкото министерство за надворешни работи за кои детали побара и грчката опозиција неодамна во парламентот во Атина.
Иако извештајот е објавен уште пред три дена досега тој не е изменет ниту има јавна реакција од страна на грчката влада или некој официјален претставник.
Пред околу еден месец македонскиот премиер уште пред договорот од Преспа да стапи во сила јавно прифати Македонија да ги користи грчките официјални топоними со што Солун за нас треба да стане Тхесалоники.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст