| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕидарот од Битола растури во „Никогаш не е доцна“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“ – изјави во интервјуто кое ги претставува натпреварувачите 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој настапи во последната емисија од новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што го нарече, „кралот“ Шабан Шаулиќ. Гоца Тржан, која во ова издание седеше на масата на жирито беше фасцинирана од настапот Бејхан, па при коментирањето на неговата изведба по настапот, му се обрати со само една реченица: „Имаш душа колку целово студио… Браво“!

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата и еден од главните продуценти на „Гранд“ – Жика Јакшиќ реши да се вмеша во оваа одлука и дозволи сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Српските медиуми пак, нашиот Бејхан го окарaктeризираа со зборовите: „Тој е чудо“!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top