| четврток, 6 декември 2018 |

Николовска: Ние сме заробена држава и се уште имаме зависно судство

-Ние сме окарактеризирани како заробена држава. И ние имаме обврска од таа заробена држава да излеземе. Ако сакаме меѓу другото да одиме во евроатлантските насоки- појасни Цаца Николовска при гостување на дебатната емисија „24 Анализа“.

Николовска образложи дека сме заробена држава, а тоа значи дека се уште имаме зависно судство и дека се уште владеењето на правото не ни е сегмент, а како може ова прашање да не биде прашање на владеење на правото, кога владеење на право меѓу другото бара да се гони криминалот.

-Како ние ќе го гониме криминалот ако имаме утврдени дејствија, не зборувам конкретно за еден предмет, а на некој начин тие криминални дејствија ги оневозможуваме да се процесуираат пред органите кои што се надлежни затоа. Почнувајќи од полиција, Обвинителство, судство, извршување на одлуки и итн.Значи ние ако не ја покажеме снагата на една држава да го овозможи тоа, снагата на една држава да во државата владее правото, владее закон, владее Устав ние ништо не сме направиле- посочи Николовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top