Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера испратија допис до грчкиот веб портал Иефимерида, кој овој месец објави информации дека грчката влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски медиуми и новинари.
Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на Иефимерида да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за договорот од Преспа.
– Објавување нецелосни информации во врска со работата на македонските новинари го урива нивниот углед и довербата пред јавноста и во исто време претставуваат злонамерни шпекулации, кои можат да им служат само на политичките интереси, се вели во соопштението од Здружението на новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст