| четврток, 6 декември 2018 |

„Траекторија“: СЈО презентира докази креаирани на Ексел фајл од 2017 година

СЈО денеска во кривичен за предметот „Траекторија” презентира смс пораки на видео бим, но во Ексел програма, кои според СЈО биле разменувани помеѓу учесниците во проектот.

Од самиот увид во фајловите денес во судницата јасно се гледа дека во ексел документите многу лесно може  да се менува нивната содржина, што е потврдено на самите документи, на кои можеше да се види дека дел од фајловите се креирани од страна на СЈО на 30.5.2017 година, односно многу подоцна од кога СДСМ ги предаде смс пораките во СЈО и дека сите фајлови биле дополнително модифицирани на различни датуми после датумот на креирање.

Со тоа целосно падна кредибилитетот на овие докази, бидејќи стана јасно дека СЈО ја менувало нивната содржина. Со други зборови кажано, СМС пораките кој сакал ги менувал, крател, допишувал итн, без да може истото да се види дека е сторено.

На ова жестоко реагираше одбраната. Адвокатите побараа да се снима со камера видео бимот на кој се презентираат смс пораките, бидејќи снимката е единствен записник кој се води во судницата.

-Барам да се снима тоа што го чита обвинителот и да се види на камера во кој формат се доказите кои ги презентира и која година се креирани. Постојат стриктни правила за изведување на докази – снимен материјал и негова презентација од страна на обвинителот и не преку помошни средства и табели кои се креирани пост фестум, рече адвокатот Дончо Наков.

Судијата Бошевски не дозволи и нервозно се закани дека ќе ги казне адвокатите ако не запрат со барањата за снимање со камерата кон слајдот кој се проектита на платното закачено на ѕидот.

Исто така одбраната побара од судот обвинителот да не ги коментира смс пораките додека ги чита, бидејќи тоа е спротивно на законот. Според одбраната дополнително ексел фајлот лесно се менува и никој не гарантира за негова веродостојност. Фајлови во Ексел програмата може да ги смени секој еден кој има основни познавања од ИТ.

Исто така можеше да се види дека компанијата ЦВЕ на 28.02.2013, значи 24 дена по истекот на утврдениот краен рок, на кој веќе еднаш доставиле понуда, надвор од процедура пратиле писмо (но не и понуда), со кое сакале средба за да извршат корекција на својата веќе дадената понуда.

Бидејќи тоа би ја довело компанијата ЦВЕ во повластена положба, таквото писмо не било земено во предвид.

Можеше да се види дека голем број на луѓе и институции учествувале во проектот, како и тоа дека двете компании Синохидро и ЦВЕ доставиле свои финални понуди на ист ден во исто време на 4.02.2013 година. Исто така видливо е дека владата многу се борела да издејствува поповолен кредит, а напорите биле вложени дури и на средбите со премиерот на Кина, се со цел да се заштедат средства во буџетот.

Инаку во овој случај Никола Груевски е обвинет дека влијаел да се изградат патиштата со цел да добие награда, а наградата според СЈО била да добие политички поени кај гласачите на следните избори, нешто што е нормално во секоја демократска земја и кај секој премиер и политичар.

Секој премиер и политичар се труди да ги реализира ветените проекти и по можност тие да се завршат пред изборите со цел да го исполни даденото ветување. Во случајот дури и за тоа нема доказ, бодејки во наводен телефонски разговор со Миле Јанакиески, Груевски вели дека не за три, туку за две години добро е да се испланира градбата на патот.

СЈО од ова озвлекува заклучок дека тој рок се поклопува со следните рњдобни парламентарни избори кои требаше да се одржат во 2015тата, но се одржаа како предвремени во 2014тата. На следните рочишта ќе се продолжи со изведување на другите материјални докази за предметот Траекторија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top