Славната ирска пејачка , која имаше самоубиствен нервен напад , ја напушти католичката вера и премина во Ислам. Шинед О’Конор ги извести на Твитер своите фанови дека ја сменила верата , каде го напишала и своето ново име – Шухада Давит. Таа напиша и дека е горда на одлуката.
,, Ова е природен заклучок на секое интелигентно теолошко патување. Проучувањето на сите свети списи водат кон исламот , така што сите се одвишок.” напиша славната пејачка од 80 – тите , која се прослави со песната ,, Nothing Compares 2 U”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.