| четврток, 6 декември 2018 |

Гори градската депонија кај Велес

Пожарот избувна околу 15:30 часот, а на терен беа пратени две теренски возила за гаснење пожари  со седум пожарникари кои поради силниот ветер  три ипол часа се обидуваа да го изгаснат.

Пожарот  во близина на Градската комунална депонија во Велес во кој беа опожарени сува трева и грмушки е локализиран вечерва во 19 часот, а  пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се уште работат на негово целосно гаснење.

(МИА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top