| четврток, 6 декември 2018 |

„Јавна соба“ го слави третиот роденден

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ викендов го прославува третиот родеден. По тој повод во сабота на 27 октомври со почеток во 21 часот ги отвораме вратите на трите ката, со цел секој да ја пронајде приказната за себе, соопштуваат од „Јавна соба“.
„Јавна соба“ е местото кое ги собира сите генерации, млади, стари. За некои од нив ова е местото кое се ушушкуваат како дома. Релаксирано, креативно ќоше кое го препознаваат дури и оние кои за прв пат стапнуваат на тлото на Скопје.

„Јавна соба“  е носител и креатор е на „Недела на дизајн во Скопје“ (Skopje Design Week) единствениот настан кој ги донесе светски познатите дизајнери, инсталации, поставки, прототипи и стана поим за иновативност, дизајн експресија со карактер, но „Соба“ исто така е дом на врвни музичари, актери, поети и кулинари.

По повод „тројката“ за „Јавна соба“, подаруваме одлична музичка програма од урбани музички ликови кои со своите музички парчиња ги поттикнуваат естетските сетила на три ката. DJ Emi Ermilova (приземје), DJ set Angel Anx (приземје), посебно интерактивно катче со инсталации за опуштање (1 кат), концерт на Георги Шаревски и “The Instincts” (поткровје) како и завршница со DJ set Jan KoNen (поткровје).

Влезот за настаните е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top