Печено прасе во куфер, па на авион. За среќа или несреќа прасето не стигнало на саканата дестинација.
Овој несекојдневен настан е засведочен на аеродромот во Атланта. Благодарение на полицискиот пес Харди, полициски и царински службеници на аеродромот во Атланта заплениле цело печено прасе спакувано во куфер.
Багажот му припаѓа на маж од Еквадор. Кога полицајците му наредиле на човекот да го отвори куферот имале што да видат – прасенце спакувано во алуминиумска фолија.
Според прописите, прасето е фрлено, зашто во САД не е дозволено да се внесува прасечко месо и свински преработки поради превенција од свинска чума.
Кога влегувате во САД, мора да се пријави сета храна што ја носите со себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст