Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство, кое се товари за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Лицето беше задржано на 14.10.2018 година, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, откако при царинска проверка му биле пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата ја пронашле царинските службеници, во црна торба која осомничениот ја пријавил како багаж и тоа спакувана во три одделни пакувања.
Надлежниот јавен обвинител, заедно со Обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице, со оглед на тоа што сѐ уште постојат причините заради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст