| четврток, 6 декември 2018 |

„Виноскоп“ со ново име, стар термин

Врвни црвени, бели или розе вина, закуски и богата музичка програма ќе понуди годинашниот  „Фестивалот на виното – Вино Скоп“ што ќе се одржи од 24 до 27 октомври на „Плоштад Македонија“, велат организаторите.

Град Скопје најавува нов концепт и нови содржини, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

-На годинашниов „ Skopje Wine Expo“, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети како прилог со виното, велат од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top