Синоќа околу 21 часот било пријавено дека на локалниот пат во с. Стримница, тетовско, на мостот на река Вардар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ровер“ со тетовски регистерски таблици управувано од Б.Х. (19) од с. Стримница и патничко моторно возило “Ауди“ со тетовски регистерски таблици управувано од З.Д. (58) од с. Стримница.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Д. а додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Р.Д. (47) и М.К. (47) кој со друго возило биле пренесени во Клиничката болница Тетово.
З.Д. по укажаната лекарска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст