| четврток, 6 декември 2018 |

Зимата ни чука на врата: Метеоролозите најавуваат драстична промена уште вечерва

Под влијание на постуден воздух од север до крајот на денов како и во текот на претстојната ноќ температурите на воздухот позначително ќе опаднат а ќе има и повремени локални врнежи од дожд, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поради заладувањето на високите планини особено на запад ќе има услови и за провејување на снег.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, меѓутоа навечер позначително ќе опаѓаат.

Од утре (понеделник) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени во најтоплите региони од државава, минималните температури околу средината на неделата на некои места ќе се спуштаат и под нулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top