| четврток, 6 декември 2018 |

Срам да Ви е професоре Мухиќ! Срам да ми е мене што учев од Вашите предавања, се надевам дека никогаш повторно нема да имате прилика да предавате за Кант

Срам да ви е, и ако ви е треба да ви е, а ако не ви е, срам да ви е што ни срам немате!
Срам да Ви е професоре Ферид Мухиќ се надевам дека никогаш повторно нема да имате прилика да предавате за Кант. Се надевам дека никогаш повеќе нема да предавате за морален закон, бидејќи во момент кога политиката Ви стана поле на интерес се поведовте од паролата: Етиката и политиката не одат заедно! Срам да ми е мене што се срамам што учев од Вашите предавања, Ви верував дури и се идентификував со вас. Срам да Ви е што лажевте цели генерации предавајќи германска класична филозофија и пред сѐ предавајќи за Кант. Срам да Ви е колку што ми е и мене што воопшто човек како вас ми беше не само професор, туку и педагог. Срам да Ви е што погазивте национално чувство на огромен број на луѓе и се дрзнавте да одлучувате во нивно име иако свесно знаете дека човек кој одлучува да постапи со другот спротивно од неговата волја е злосторник. И силувачот постапува против волјата на силуваниот кога го врши чинот на силување. Крадецот постапува против волјата на ограбениот кога врши кражба. Убиецот постапува против волјата на убиениот кога врши убиство. Постапување против волјата на другиот значи злосторство и човек што учел етика добро го знае тоа. Лажевте дека од стана на народот не се слушна ништо за да ја оправдате својата одлука, за да покажете дека по утилитаристички параметри вие постапувате согласно волјата на најголемиот број луѓе кои се изјасниле на референдумот. Да професоре се слушна разорувачко БОЈКОТИРАМ а вие како талентиран за музика со изострен слух тоа требаше да го слушнете појасно од сите оние кои заедно ја делат со вас собраничката сала. Вака не нѐ учеше Кант професоре!

Срам да Ви е екс министерке за култура, уметничка душо која покажуваше емпатија со уметниците во Македонија и нивната незавидна општествена положба. Симулиравте емпатија со уметници а добро знаеме дека ниту еден уметник, не би погазил чувства на друго човечко суштество бидејќи добро знае дека неговата улога во светот е да ја намалува болката. Се надевам дека сега ќе имате доволно пари да купите сѐ што ќе посакате и многу повеќе од тоа, само за да сфатите дека за големи работи треба барем малку душа. Се надевам дека ќе купувате сѐ повеќе, за да сфатите дека имате сѐ помалку.
Срам да ви е на сите кои учествувате во креирање и ширење на манипулации за референдумското прашање, вие гласавте за промена на уставно име а не за Европска Македонија. Сега кога се пристапи кон промена на Устав напикајте си ги во газ и НАТО и ЕУ пошто ништо подалеку од сопствениот газ и не гледате.

Срам да ви е вам кои симулиравте национални чувства тогаш кога требаше да бидете допадливи на носителите на една извршна власт за да добиете столче во некоја јавна или државна институција, а сега знаејќи дека можете да ја изгубите погазивте се што го изјавувате за време на мандатот на политичката партија која предходно беше на влас. Се надевам дека цел живот ќе доживувате такви метаморфози и никогаш нема да успеете да се фатите себе.

Срам да ви е на сите Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци кои вчера се дрзнавте да одлучувате за прашање кое има национална димензија. Се надевам дека таа демократичност, толерантност, космополитизам и филантропија ќе ја покажете и во оној момент во кој некој вам ќе ви ги креира националните чувства и ќе ви кажува како треба да се чувствувате.
Срам да ви е на сите вас заедно со мене што вчера наместо да ги наполниме улиците и да го игнорираме овој корумпиран систем, удобно сместени од тв екрани чекавме што 117 луѓе ќе одлучат за нас.
Срам да им е на сите замолчани интелектуалци кои за време на шарената револуција извикуваа – НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР а сега се кријат во кабинетите и си играат наука.

Срам да ви е толку што срам треба да умрете, барем од срам ако умрете малку достоинство ќе внесете во својот живот.

Магдалена Стојмановиќ

извор: мкдпрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top