| четврток, 6 декември 2018 |

Овој воздух го дишиме денес!

Зимата уште не започната, а Скопје и неколку градови низ Македонија се загадени над нормалата, покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот. Граѓаните се жалат што уште во октомври мора да ги извадат маските и да ги затворат прозорците.

  • Утрово со велосипедот патував од Влае до Центар, грлото и главата ме болат се уште. Градот смрди – се жали читател на „Република“.

Вечерва најзагадено е кај Ректоратот каде ПМ 10 честичките достигаат близу 200 микрограми на метар кубен, следат Битола и Карпош каде загадениот воздух варира на околу 160 микрограми, па Миладиновци, Кочани, Бутел… За потсетување, горната дозволена граница е 50 микрограми.

Од граѓанските здруженија се жалат дека голем дел од мерните станици не работеле, оттаму се правдале дека наводно на често се сервисирале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top