| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме веднаш да се гласа!

Пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференција одржана во Собранието, побара веднаш да се гласа за уставните измени, бидејќи, како што истакна тој, очигледно било дека намерно веќе 19 дена се одолговлекува гласањето, односно се избегнува ова прашање да се стави на дневен ред. Волјата на народот беше јасна, рече Милошоски, и никој не може и не смее да оди против тоа.

Милошоски од претседателот на Парламентот Талат Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да има гласање, и владејачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.

-Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недевањето мандат за уставни измени, рече Милошоски.

Претходно провладините медиуми објавија дека СДСМ има 2/3 мнозинство, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласа за уставните промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top