| четврток, 6 декември 2018 |

На „Кавадаречка културна есен 2018“ рок, џез, класика, театарски претстави, ликовни изложби

Во понеделник, на 22 октомври 2018, во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворено новото издание на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен 2018“. Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на дела реализирани на Меѓународната радовишка ликовна колонија 2018 и блуз концерт на Igi Man Trio во состав Игор Станоевски Игимен, гитара/вокал; Петре Ангелов Фиш, бас/вокал; Горан Митрев, тапани; и како гостин – Рената Симоновска, вокал.
Годинашното издание на „Кавадаречка културна есен“ ќе донесе повеќе концерти на џез, рок, традиционална и класична музика, театарски претстави меѓу кои и премиера на Театарот при кавадаречкиот Дом на култура (трета во 2018), ликовни и фотографски изложби, промоции на книги и др. По отворањето на манифестацијата, а во нејзини рамки следуваат голем концерт по повод 100 години од раѓањето на еден од најпознатите македонски исполнители на народни песни Никола Бадев (26 октомври) и отворање на изложба на уметнички фотографии на Љупчо Илиевски (31 октомври). Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2018“ ќе трае до почетокот на месец декември 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top