По одличните настапи во дресот на Монако, францускиот фудбалер Темуе Бакајоко премина во редовите на Челси за 40 милиони евра, но на Стемфорд Бриџ не се покажа во најдобро светло во својата премиерна сезона. Затоа челниците на Челси летово го испратиа на позајмица во Милан, која тој со нетрпение ја чекаше за да си ја врати кариерата на вистинската патека.
Сепак, ни во Милан Бакајоко не потсетува на партиите во Монако, па одигра само четири првенствени натпревари оваа сезона. Поради тоа се појавиа гласини дека Милан сака да ја раскине неговата позајмица и сака да го врати во Челси. Наводно му било кажано дека има многу малку време да се поправи или во јануари ќе биде вратен во Челси, каде тешко дека ќе игра до крајот на сезоната.
Сепак, Федерико Пасторело, италијански менаџер кој беше посредник во преговорите за реализација на трансферот на Бакајоко во Милан, изјавил дека овие тврдења не се точни.
– Бакајоко е среќен во Милан и Милан е среќен со него. Знаевме дека ќе биде потребно одредено време за адаптација, но сите веруваме дека може многу да им помогне на Росониерите оваа сезона. Поради тоа, сите гласини за неговото враќање во Челси во јануари се потполно неосновани, порача Пасторело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст