| четврток, 6 декември 2018 |

Анри: Монако беше избор на моето срце

Легендата напаѓач на Арсенал и Франција, Тјери Анри започнува нова авантура откако минатата недела назначен за наследник на Леонардо Жардим на кормилто на Монако. Тој денеска и официјално беше промовиран како нов тренер на клубот од малото кнежевство и порача дека ова било логичен чекор и избор на неговото срце.

– Кога пристигна понудата не мислев многу, изборот беше логичен. Моето срце веднаш одбра. Знаете каква е мојата поврзаност со еден клуб од Лондон, но тука започнав. Во моето срце секогаш има големо место за овој клуб. Па ми се остварува сонот што и тренерските почетоци ќе ги имам тука. Ме чека многу работа, но среќен сум што пристигнав, рече Тјери Анри на средбата со новинарите.

– Арсен Венгер ми разбистри многу работи во главата и ме натера да разберам што значи да се биде професионалец, што значи да се игра на највиско ниво и нема да го заборавам тоа. Сите добро знаат каков беше мојот однос со него, па се подразбира дека секогаш на ум ќе имам одредени работи кои тој ги правеше. Венгер постави високи стандарди, исто како и Гвардиола. Одново научив како да играм фудбал кога работев под водство на Пеп во Барселона. Тој може да ви зборува со денови за фудбал, вие ќе заспиете но тој ќе продолжи да зборува, дополнил Анри за големите тренерски имиња со кои работеше и од кого имал привилегија да учи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top