| четврток, 6 декември 2018 |

Обезбедена најмалку бронза: Македонија го има првиот медалист на Младинските олимписки игри

Првиот медалист на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес (Аргентина) за Македонија ќе биде каратистот Фаик Весели. Тој денеска успеа да се пласира во полуфиналето, и со тоа да има обезбеден најмалку бронзен медал од МОИ.

Во полуфиналето ќе се бори со јапонецот Јамаока Масаки, и доколку победи во финалната борба ќе може да освои дури и олимписко злато. Поразените каратисти во полуфиналето без борба добиваат бронзени медали.

Ова е најголемиот успех на македонскиот спорт на младинските олимписки игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top