Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на својот Твитер профил повторно ги коментира актуелните политички случувања од кои најактуелна е оставката на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Тој коментира дека оставката на Коѕијас иако е изненадувачка не е чудна.
Единствено нешто што според Зеколи во моментов е чудно како што вели е промтното прифаќње на оставката од страна на Ципрас и фактот што тој го превзема лично министерството.
– Оставката на Коѕијас, е малку изненадувачка, но не и чудна. Но промптното прифаќање на оставката од Ципрас и неговото превземање на МНР, а тоа е многу чудно и (засега) загадочно, пишува Зеколи на Твитер.
Интересно е што оставката на Коѕијас доаѓа само неколку дена пред се по извесните неуспешни уставни измени во Македонија кои требаа да бидат резултат на Договор од Преспа. Дали оставката на Коѕијас можеби е превземање на вина од страна на екс министерот за надворешни на Грција за потпишување на договор кој по се изгледа нема да биде успешен?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст