Седум години по разводот од фолк пејачката и ТВ водителка на кулинарска емисија, Адријана Алачка, тој ја покажа својата нова избраничка пред јавноста. Станува збор за Марина Дојчиновска, позната како водителка на ТВ Сонце, на емисијата Македониум, а денес исто така и успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.
Тие двајцата не ја кријат својата блискот. Споделуваат заеднички фотографии на кои може да се види дека одлично се надополнуваат и го поминуваат времето исполнето со интересни содржини, на разни патувања, некаде сами, во романтична атмосфера, некаде со друштво.
-Со Марина сме заедно три години. Не се надевав дека ќе ми се случи љубов во животот, и таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, па така и сега, последното заедничко патување во Бразил. И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот. Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажува Алачки за Фокус.
Околу тоа дали и Марина наскоро ќе стане Алачки, тој вели дека животот ќе покаже и остава работите да се движат по својот тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст