Педесет и шестгодишниот Ќ.Е. од тетовското село Сараќино бил погоден со куршум во десната натколеница откако вчера кон него со пиштол пукал неговиот соселанец П.П.(33), информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според пријавата во полицијата вооружениот инцидент се случил вчера околу 7. 30 часот при што П.П. додека се движел со „Голф“ со тетовски регистарски ознаки од пиштол испукал два куршуми кон Ќ.Е., кој одел пешки во близина на неговиот дом. Притоа еден од куршумите го погодил Ќ.Е. во десната надколеница, по што П.П. со возилото заминал од местото.
Повредениот Ќ.Е. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан на понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. На местото била пронајдена една чаура калибар 7,65 милиметри што била подигната за вештачење.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на П.П. и за целосно расчистување на случајот рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст