| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска вели 60 дена техничка влада, ВМРО-ДПМНЕ ја потсетуваат: Желбите се едно, реалноста и законите друго

Ако се организираат брзи предвремени избори вицепремиерката Шеќеринска е убедена дека власта сама ќе си обезбеди над 80 пратеници. Според Министерката за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ не треба да се надева на 100 дена техничка Влада, затоа што како што вели, роковите се кратат согласно Уставот и законите.

Желбите на Шеќеринска се една, а законите и реланоста друга работа, вратија од ВМРО-ДПМНЕ

Со договор меѓу Власта и опозицијата пратениците на крајот од јули годинава го изгласаа законот за Влада кој предвидува 100 дена пред изборите извршната власт да функционира според пржинскиот модел со технички премиер и министри од редовите на опозицијата. Согласно член 63 од Уставот, предвремените избори треба да се организираат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top