| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната Спајс девојка „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автобиографијата, која според многумина содржи досега непознати детали од нејзиниот приватен живот. Книгата е насловена „Брутално искрена”, а во неа, таа раскажува дека се обидела да се убие во 2014 година.

Тогаш „животот и бил далеку од гламурозен и полн со сјај“, па во еден момент се преозирала со 200 таблети и едвај се спасила. За тоа го обвинува својот поранешен сопруг Стивен Белафонте, кој, како што таа вели, со години ја злоставувал.

„Ја подмладив вагината и имав секс во тројка, раскажала Мел Би во својата книга.

Мел Би била и зависничка од кокаин, а во тој пекол завршила сакајќи да се оттргне од депресијата.

Додека бев во жирито на „Америка има талент“, на секоја пауза излегував од студиото и шмркав кокаин , пишува Мел, признавајќи дека дрогата е поголема пропаст од депресијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top