| четврток, 6 декември 2018 |

Казнетите адвокати на обвинетите од 27 Април: Му ги подаруваме парите на судот за да обезбеди услови за работа (видео)

Откако судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска ги казни со по илјада евра и ги отстрани од судницата сите адвокати на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април, адвокатите велат тие пари од казната му ги подаруваат на судот за да обезбеди услови.

-Допрено е дното на судството, кое не успеа да доживее никаква реформа, нити трансформација. Денеска со кршење на правата на обвинетите и адвокатите сме казнети сите со по 1000 евра и парите му ги подаруваме на судот за да ја направи опремата во новиот суд кој го чинеше народот грдни пари – велат адвокатите.

Адвокатите се санкционирани откако се пожалиле на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок С1 во старата зграда на Кривичниот суд каде што беше префрлен поради технички пречки во новиот објект на судот.

Адвокатот Еленко Миланов по излегувањето од судот изјави дека бранителите побарале да им се овозможи да ги запишуваат изјавите од загрозениот сведок бидејќи не се слушало добро неговото сведочење. Тоа не им било овозможено, по што адвокатите се побуниле, и поради тоа се казнети и остратнети од судницата.

Според објаснувањето на Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите, Кацарска ги казнила во моментот кога тие се побуниле дека немаат услови за работа во старата зграда на Кривичниот суд, откако беа преместени од големата сала во новата зграда на судот поради технички причини, т.е. поради не можноста да се мутира добро гласот на загрозениот сведок.

Без хуман и професионален капацитет, Кацарска не запира: 50 адвокати казнети со по 1.000 евра

Според Давидовиќ, Кацарска ги казнила поради попречување на текот на судскиот процес, што според нив не било попречување, туку поплаки дека не може да работат стоечки и не може да фаќаат белешки на колена.

Судијката Кацарска во записникот ставила дека денеска им се одзема правото да бидат бранители во процесот и дека на обвинетите ќе им бидат назначени адвокати по служена должност.

 

Кривичен суд: Условите не се совршени, но се според Законот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top