| четврток, 6 декември 2018 |

Рускоска за инцидентот во суд: Непотребно се прават тензии

Обвинителката Вилма Русковска за денешниот инцидент што се случи во Основниот суд Скопје 1 Скопје откако адвокатите на обвинетите за крвавиот четврток беа казнети со по 1 000 евра и отстранети од денешното рочиште од страна на судијката Кацарска, на кое сведочи загрозениот сведок ЕС1, изјави дека непотребно се прави тензија бидејќи и порано во старата зграда на кривичен се одвивале рочишта на кои сведочеле загрозени сведоци.

„Се пожалија дека немаат услови за работа, дека треба да пишуваат на колено, мислам дека непотребно се прави тензија. И досега во оваа зграда и токму во оваа судница се одржувале рочишта со загрозен сведок меѓу кои и случајот ‘Монструм’“, рече обвинителката Рускоска.

Во однос на вчерашната изјава на премиерот Заев, во која голем дел од јавноста препозна понуда за амнестија, Рускоска рече дека таа лично не забележала никаква понуда за амнестија туку помирување меѓу пратениците. Обвинителката исто така кажа дека нема да ја обжали пресудата за обвинетиот Сашо Василевски да се брани од слобода.

Денешното рочиште продолжува без адвокатите на обвинетите, наместо нив за денеска ќе бидат поставени адвокати по службена должност, но за понатамошните рочишта сè уште е непознато дали одбраната ќе се врати на судските рочишта за крвавиот четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top